Рашфорд слета во Барселона, утре лекарски прегледи и потпис

Барселона во текот на утрешниот ден ќе го официјализира трансферот на Маркус Рашфорд откако англискиот голгетер вечерва пристигна во каталонската престолнина.

Преговорите со Манчестер јунајтед се интензивираа во изминатите 48 часа и штом англискиот гигант даде зелено светло, Рашфорд неколку часа подоцна полета од „островот“ и вечерва околу 21.30 со приватен чартер лет пристигна во Барселона.

Тој се согласи и на намалување на платата за 15% за овој трансфер да може да биде реализиран. Клубовите се договорија Барса да го добие Рашфорд на едногодишна позајмица, притоа целосно да ја покрие неговата плата, а доколку се задоволни од неговите изданија каталонците ќе можат да го откупат целосно договорот за 35 милиони евра.

Предвидено е утре Рашфорд да ги мине лекарските прегледи во Барселона, по што ќе следи и официјален потпис на договорот, што ќе значи и зелено светло за Англичанецот да се приклучи на подготовките и да му се стави на располагање на тренерот Флик.

Се вчитува...