Маркус Рашфорд се одлучи на некои интересни коментари за Ламине Јамал, на тој начин само поттикнувајќи ги шпекулациите за неговиот трансфер во Барселона.
Рашфорд имаше квалитетна позајмица во Астон Вила, но сè уште не е познато каде ќе ја продолжи својата фудбалска кариера. Она што е познато е дека Манчестер Јунајтед е завршена приказна за него.
Рашфорд и неговите претставници не веруваат дека Аморим го сака, а тој е подготвен да ја продолжи кариерата на друго место. Наводно, тимот на Интер се вклучил во трката за неговиот потпис, но и ПСЖ.
Сепак, Рашфорд има сосема поинаква идеја на ум и сака неговиот следен клуб да биде Барселона. Спортскиот директор на Барселона, Деко, неодамна беше директно прашан за доаѓањето на Рашфорд притоа не демантирајќи ги гласините.
„Секако дека играч како Рашфорд, секако дека е добар, но има договор со својот тим и нема да зборуваме за тоа“, рече Деко.
Рашфорд сака да биде во Барселона и е подготвен да се откаже од голема плата, само да потпише за овој тим.
Во неодамнешен разговор за англиски медиуми, зборуваше на многу теми, а беше прашан и за Ламине Јамал.
„Тешко е да се опише со зборови што прави тој бидејќи не мора да можете да го правите тоа кога имате 16 или 17 години. Никогаш порано не сме го виделе тоа. Секој сака во кариерата да игра во ист тим со такво чудо“ – рече Рашфорд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

