Расистички скандал го тресе полскиот ракомет по завршувањето на најголемото дерби во оваа земја меѓу Висла Плоцк и Кјелце.
На крајот на триумф се радуваше домашната Висла Плоцк која славеше со 29-25. Сепак, главната пресметка на мечот ја имаа двајцата тренери. Според Талант Душебаев, предводникот на Висла, Хавиер Сабате по мечот му порачал дека е „е*ан Кинез“.
„Како клуб сакаме да истакнеме дека ваквото расистичко или етничко однесување и напади се неприфатливи во професионалниот спорт на највисоко ниво. Спортот треба да обединува, а не да ги засилува разликите. Ќе бараме темелно објаснување на ситуацијата од страна на надлежните органи на лигата, која никогаш не требаше да се случи за време на натпреварот од осмото коло на Супер лигата помеѓу Орлен Висла и Кјелце“, се вели во соопштението на Кјелце.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА