„Расистот“ од Бенфика бил пред трансфер во Реал Мадрид

Многу прашина крена мечот помеѓу Бенфика и Реал Мадрид, каде што по постигнувањето на голот, Винициус Жуниор се пожали дека противничкиот играч Џанлука Престијани го нарекол „мајмун“.

Веднаш потоа Вини го пријави кај судијата, кој почна посебен протокол против расизам, а Вини седна на клупата и одби да излезе на теренот. Откако страстите се смирија, и после 10 минути пауза, мечот продолжи, но ова  остави „црна дамка“ врз фудбалот, а особено многу критики трпи Престијани кој е во фокусот на вниманието, и против него има почната постапка дури и од УЕФА.

Бенфика застана на страната на својот, Реал на својот фудбалер, и останува да се види каква разрешница ќе има оваа ситуација.

Додека трае спорот, шпанските медиуми излегоа со информација дека Престијани требало да биде соиграч на Вини од 2023 година. „Кралевите“ наводно биле заинтересирани за тогашниот играч на Велез, кој тогаш имаш 17 години. Меѓутоа тој трансфер не се реализирал. Исто така и Барселона наводно била заинтересирана за Престијани.

Во 2024 година потпиша за Бенфика, и сега е стандарден во екипата, но нејасно е како ова сега ќе влијае на неговата кариера, со оглед дека од сега почнаа најавите дека Престијани не треба да доаѓа на реваншот на „Сантијаго Бернабеу“.

Се вчитува...