Расизам и во Португалија – голгетер на Порто напушти терен среде натпревар (видео)

Расизмот се повеќе зема замав на фудбалските терени ширум Европа, последниот инцидент се случи во Португалија на вечерашниот дуел меѓу Гимараеш и Порто, на кој гостинскиот напаѓач Муса Марега бесен го напушти теренот поради расистичките навреди што домашните фанови ги упатуваа кон него.

Марега го постигна победничкиот гол за Порто, но во 70. минута ги загуби нервите откако константно беше навредуван од страна на навивачите на Гимараеш. Соиграчите се обидоа да го смират, но тензијата кај голгетерот беше и повеќе од очигледна, па тој самиот го напушти теренот.

Гимараеш сигурно ќе биде санкциониран за големиот инцидент, но веќе сме сведоци дека казните во форма каква што се изрекуваат ширум Европа не вродуваат до плод.

Се вчитува...