Расизам на „Ел Класико“: Навивачите на Барселона фрлија банана кон Винисиус (видео)

Вжештена беше атмосферата на „Монжуик“ за време на натпреварот меѓу Барселона и Реал Мадрид, а пред крајот дополнително страстите зовреа откако Винисиус при напуштањето на теренот ги поздравуваше навивачите кои жестоко го исвиркуваа.

Домашните фанови збеснаа, се почна и со расистичко исвиркување, а веднаш потоа и една банана полета од трибините кон теренот.

Сето тоа беше добро документирано од мадридските медиуми, па Шпанската Фудбалска Федерација најави истрага за расизам против Барса и навивачите на каталонскиот гигант…

Се вчитува...