Англија ја декласираше Црна Гора со 1-5, но од таборот на „гордиот албион“ веднаш по мечот наместо славје на триумфот испратија силна порака до УЕФА, барајќи жестока казна за противникот поради расистичките навреди кон гостинските фудбалери. Стерлинг, Хадсон Одои и Роуз сите беа расистички навредувани во тек на натпреварот, поради што селекторот Саутгејт најави дека ќе биде испратена и официјална жалба до УЕФА.
„Знаеме што слушнавме од трибините и дефинитивно ќе испратиме жалба. Мораме да ги штитиме нашите фудбалери, вакви работи не смеат повеќе да се случуваат“ – истакна Саутгејт.
Рахим Стерлинг го постигна петтиот гол за Англија, по што фудбалерот на Манчестер Сити прославата им ја „посвети“ токму на оние што го навредуваа него и соиграчите.
„На вакви работи не им е место во нашиот спорт. Време е некој конкретно реагира. Зарем пак ќе се мине со парична казна, тоа ништо не менува“ – порача Стерлинг, барајќи Црна Гора наредните домашни натпревари да ги игра пред празни трибини.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА