Сеид Висин не чекаше да стане познато име во италијанскиот фудбал. Имено, тој ја помина фудбалската школа во Милано, а потоа како дете се пресели во младнците на Беневенто, каде очекуваше да добие шанса порано отколку кај „росонерите“.
Иако не се предаде, младиот играч не издржа на југот на Италија, па се откажа од идејата за фудбалер на големиот зелен терен и се посвети како професионален играч на мал фудбал. Претседателот на клубот, Атлетико Виталика, кој настапува во Серија Д, ја потврди тажната вест.
Сеид, по потекло од Етиопија, извршил самоубиство и оставил шокантно проштално писмо. Тој како главна причина за овој чин ја навел борбата против расизмот која повеќе не можел да ја издржи.
“Јас не сум имигрант, ме посвои еден пар од Ноцера, тие се мои родители. Како дете, ме пречекуваа насекаде со насмевка, почит, но сега се чини дека сè се смени! Најдов работа, но морав да се повлечам затоа што постарите гости одбија да им служам. Тие честопати коментираа дека младите Италијанци не можат да се вработат поради луѓе како мене”, напиша Сеид.
Младиот фудбалер потенцирал дека нешто се променило во него, дека се плашел дека луѓето на улица ќе го заменат со имигрант, иако е Италијанец и пораснал на Апенините.
“Јас дури направив лоши шеги на црнците и имигрантите, за да докажам дека не сум еден од нив. Но, јас бев исплашен. Не барам да ме жалите, но јас не можам повеќе. Ова не е ништо во споредба со она што го поминуваат имигрантите кои ги ризикуваат своите животи за да излезат од мизеријата и пеколот на Африка, да доживеат барем дел од она што ние го нарекуваме живот“, напишал Сеид Висин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА