Раскина со Олимпијакос, па потпиша за Ефес

Анадолу Ефес го договори првото засилување за тренерот Пабло Ласо откако конечно потпиша договор со Сејбен Ли, американскиот поентер кој ќе треба да донесе побрза и поефикасна игра во нападот на турскиот евролигаш.

Ли доаѓа од редовите на Олимпијакос, но одличниот поентер не доби шанса каква што заслужува во гигантот од Атина. Откако стана јасно дека Барцокас не смета сериозно на неговите услуги тој побара трансфер, за Олимпијакос денеска и официјално да го раскине договорот со Ли, како зелено светло за неговата преселба во Турција.

Договорот со Ефес е потпишан до јуни 2027 година, а Американецот ќе може да дебитира за новиот клуб веќе во наредниот меч од Евролигата во кој Ефес во Истанбул ќе го пречека тимот на Црвена Звезда.

За овој меч тренерот Пабло Ласо ќе го има и ПиЏеј Доужер, кој ги надмина проблемите со повредата и ќе биде дел од тимот.

Се вчитува...