Раскол во Дортмунд: Заминува или Терзиќ или една од најголемите ѕвезди

Крајот на сезоната 2024/25 во Борусија Дормтунд со сигурност ќе донесе едно заминување, откриваат германските медиуми. Тоа ќе биде тренерот Един Терзиќ или искусниот 35-годишен стопер Матс Хумелс.

Хумелс имаше запазен настап во полуфиналето од Лигата на Шампионите стрелајќи против ПСЖ, но и тоа нема да биде повод за нов договор со оглед на несогласувањата кои ги има со раководството на клубот. Проблемот кој се јавува пак е поврзан со тренерот Терзиќ и ситуацијата е непроменлива.

Договорот на германскиот репрезентативец истекува на крајот на сезоната, а за да тој и во иднина остане дел од „милионерите“ потребно е да замине Терзиќ, пренесува „Билд“.

Се вчитува...