Раскол во Интер, Чалханоглу му одговори на Лаутаро: Почитта не е еднонасочна улица

Капитенот на Интер, Лаутаро Мартинез по поразот од Флуминензе ги нападна своите соиграчи и испрати порака.

„Ако сакате да останете, останете – ако не, заминете си од клубот“, беше пораката на напаѓачот на „нероазурите“.

Претседателот на Интер, Бепе Марота рече дека Лаутаро најверојатно му се обраќа на Хакан Чалханоглу кој бара да биде продаден во Галатасарај.

Сепак, се огласи и турскиот играч.

„Во финалето во ЛШ добив повреда, но одлучив да патувам со тимот во САД. За мене беше важно да бидам таму и да ги поддржам момците, иако знаев дека не можам да играм. За жал, добив уште една повреда во САД, и поради тоа не можев да играм. Нема други причина. Вчера загубивме и тоа боли. Бев тажен не само како играч, туку и како личност која се грижи. Иако сум повреден во моментов, им се јавив на неколку соиграчи да ги поддржам. Она што ме изненади беа зборовите кои следуваа. Зборови кои повредуваат, кои разделуваат, а не обединуваат. Низ целата кариера не сум се извинувал. Секогаш сум преземал одговорност. Го почитувам секое мислење, дури и мислењето на соиграч или претседател, но почитта не е еднонасочна улица. Секогаш сум покажувал почит и на теренот и надвор од него и верувам дека во фудбалот, како и во животот, вистинската сила лежи во покажувањето почит, особено кога емоциите се силни. Никогаш не сум го предал овој клуб, никогаш не сум рекол дека сум незадоволен од Интер“, напиша Турчинот на социјалните мрежи.

Се вчитува...