Калчолигашот Јувентус лошо ја стартуваше новата сезона во Серија А откако по два одиграни меча има освоено само еден бод, а на сето тоа ги надоврзаа и проблемите кои очигледно се големи во клубот.
Тренерот Масимилијано Алегри е лут на раководните лица на клубот, Андреа Ањели и Федерико Черебини што дозволија заминување на најдобриот фудбалер Кристијано Роналдо, пренесуваат медиумите на Апенините.
Алегри е бесен бидејќи кога одлучил да се врати на чело на клубот не бил таков договорот со Ањели. Остана без Роналдо кој замина во Манчестер јунајтед, а за замена го доби Мојзие Кеан кој дефинитивно не може да го замени Португалецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА