Српските медиуми откриваат скандал во репрезентацијата на Србија пред почетокот на баражот за опстанок во Лигата на Нации против Австрија. Дел од медиумите објавуваат дека на списокот требало да се најде и искусниот фудбалер Сергеј Милинковиќ-Савиќ.
Меѓутоа популарниот СМС наводно одбил да игра за Србија, се додека е Драган Стојковиќ-Пикси селектор. И покрај тоа што официјалната причина е поради тоа што „не се чувствува доволно подготвен“, сепак со оглед дека и претходно одбивал повици, јасно е дека има несогласувања меѓу двете страни.
Пред неколку дена се појавил проблем со повреда на Александар Митровиќ. Првиот меч против Австрија кој се игра на 20. март во Виена, ќе го пропуштат и Страхиња Павловиќ, Никола Миленковиќ, Андрија Живковиќ и Алекса Терзиќ поради жолти картони.
Проблем со повреда има и Немања Гудељ кој е неизвесен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

