Ливерпул вчера ја најави реконструкцијата на екипата за следната сезона. Од клубот истакнаа дека по завршувањето на сезоната заминуваат од клубот Окслеjд-Чемберлен, Наби Кеита, Џејмс Милнер и Роберто Фирмино. Покрај нив сигурно заминува и Артур Мело, кој е на позајмица од Јувентус и ќе се врати во Торино.
Со тоа е „распадната“ една линија на средниот ред вредна 150 милиони евра, која требаше да „царува“ во овој тим, меѓутоа се претвори во целосно „фијаско“, односно никој од Чемберлејн, Кеита и Мело не ги оправдаа очекувањата. Кеита дојде од Лајпциг за 60 милиони евра, Чемберлен стигна од Арсенал за 38 милиони, а Мело вредеше 18 милиони евра. Засега во клубот остануваат само Фабињо кој беше платен 45 милиони евра на Монако, и Тиаго Алкантара кој чинеше околу 30 милиони евра.
Сите тие беа доведени како големи засилувања во екипата, но никој не ги оправда очекувањата, освен можеби до некаде Фабињо. Тешко се снаоѓа и Тиаго Алкантара кој никако да заигра во претпознатливата форма која го „красеше“ во Баерн и претходно во Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

