Распад систем во Баерн Минхен: За малку избегната физичка пресметка помеѓу Кимих и помошниот тренер

Баерн Минхен се наоѓа во ситуација со која ретко кога досега се соочил. Баварците се во серија од три порази во низа, полека ја губат битакта за титула во Бундеслигата, имаат и заостаток од еден гол пред реванш дуелот против Лацио во Лигата на Шампионите, а вчершниот пораз од Бохум за малку не предизвикал и физичка пресметка помеѓу Џошуа Кимих и помошниот тренер Золт Лов.

Еден од клучните играчи на Баерн Минхен беше во неверување откако Тухел се одлучи да го промени во 63. минута па на работ на солзи го проследи натпреварот до крајот. По поразот имало вербална „пресметка“ помеѓу Кимих и Лов, а според сведоците за малку била избегната и физичка пресметка помеѓу овие двајца.

Ситуцијата во Баерн Минхен е далеку од идеална, а тренерот Томас Тухел засега не размислува за оставка. Германскиот стартег за поразот во вчершаниот натпревар вината ја најде во „денот“ и изјави дека доколку уште пет пати одигра против Бохум неговиот тим пет пати ќе се радува на победа.

Се вчитува...