Откако по вчерашниот пораз од Русија и дефинитивно завршија сите надежи за Египет за пласман во следната рунда натпревари на Светското првенство 2018, комплетно распаѓање на тимот на афричката селекција.
Според последните информации Мундијалот 2018 дефинитивно заврши за најдобриот фудбалер на Египќаните, Мохамед Салах кој се одлучи да го напушти националниот тим и да не игра на последниот натпревар.
Салах, наводно, не бил задоволен од условите и комплетната атмосфера која владееле во селекцијата на Египет. Тој изразил отворено незадоволство што кампот на египетската селекција бил од отворен тип, па за цело време како на пазар дефилирале роднини, пријатели, бизнисмени и јавни личности од Египет. Сето тоа далеку од минимум професионализам.
И претседателот на Фудбалскиот сојуз на Египет, Хани Абуред се обидел да го премисли Салах да остане и за последниот натпревар во групната фаза, но не успеал во тоа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА