Распад-систем во тимот на Алиоски – Паулињо само што дојде, веднаш си замина од Ал Ахли

Ал Ахли најавуваше атак на титулата во Саудиска Арабија, но тимот во кој неодамна пристигна и нашиот Езгијан Алиоски се наоѓа во сериозни проблеми.

По пет одиграни кола Ал Ахли не знае за победа, а згора на тоа најзвучното засилување од летниот преоден рок, Бразилецот Паулињо, денеска го раскина договорот со оваа екипа. Поранешниот ас на Барселона пристигна во ист период како и Алиоски, но само по неколку одиграни средби доби раскин на договорот.

„Паулињо повеќе не е член на Ал Ахли. Договорот со него е раскинат откако Паулињо се откажа од сите пари што требаше да ги добие како фудбалер на Ал Ахли“, објави клубот од Саудиска Арабија.

Се вчитува...