ЦСКА Москва со години наназад важи за европски кошаркарски гиганти, но на овој клуб му се заканува колапс по заминувањето на голем дел од кошаркарите во ростерот на тренерот Итудис.
Во текот на изминатиот викенд од ЦСКА си заминаа Шенгелија, Фоигтман, Лундберг и Григонис, а листата на играчи кои не се согласуваат со руската инвазија на Украина продолжи да се зголемува. Денеска беше обелоденето дека дел од „армискиот руски клуб“ веќе не е ниту Џоел Боломбај, кој е руски репрезентативец, но решил да си замине од Москва поради конфликтот меѓу Русија и Украина. Неофицијално, во текот на денешниот ден истиот потег ќе го повлече и Вил Клибурн.
Во меѓувреме, расте притисокот врз Евролигата за сите руски клубови да бидат исфрлени од елитното европско кошаркарско натпреварување. ЦСКА, Зенит и Уникс испратија заедничко барање за одложување на сите натпревари на овие екипи за наредниот месец, што е неприфатливо за останатите клубови кои бараат исклучување на Русите од Евролигата најмалку за оваа натпреварувачка сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА