Распад во Кристал Палас: Еден од клучните играчи бара трансфер

Напаѓачот на Кристал Палас, Жан-Филип Матета нема да продолжи со Кристал Палас. Според англиските медиуми, 28-годишниот Французин ги информирал челниците дека сака да го напушти тимот оваа зима. Нема намера да го продолжи договорот кој е со важност до 2027 година.

Матета беше пред трансфер во Јувентус, но италијанскиот тим понуди позајмица со опција за откуп, што беше неприфатливо за англискиот тим.

Астон Вила исто така покажува интерес, но Палас бара 40 милиони за својот голгетер кој сезонава постигна осум гола на 22 натпревари.

Се вчитува...