Распадори е нов фудбалер на Атлетико Мадрид

Шпанскиот фудбалски прволигаш Атлетико Мадрид го ангажираше италијанскиот репрезентативец Џакомо Распадори (25).

Поранешниот член на италијанскиот шампион Наполи потпиша петгодишен договор со Атлетико, а вредноста на трансферот се проценува на 20 милиони евра.

Распадори ја започна својата сениорска кариера во Сасуоло, за кој постигна 18 гола на 82 натпревари.

Во 2022 година, тој се пресели во Наполи и постигна 18 гола на 109 настапи за тој клуб.

Се вчитува...