Распадори: Гатузо нѝ удираше шамари

Репрезентативецот на Италија, Џакомо Распадори потврди дека „шлаканиците“ на Џенаро Гатузо не биле само метафорични, туку и буквално, за да ја извлечат Италија од кризата на мечот со Естонија.

Италијанскиот национален тим дури во вториот дел го скрши отпрот на Естонија, и потоа го совлада со убедливи 5-0.

„Добив еден по врат“, призна тој за време на прес-конференцијата по победата на „аѕурите“.

„Нѝ удираше вистински шлаканици, јас добив еден по вратот. Во текот на овие денови нè инспирираше со многу решителност и карактер, бидејќи сме талентирани играчи, само треба да покажеме сè на теренот и да го докажеме тоа. Мислам дека денес одигравме солиден натпревар од почеток до крај, бидејќи не е лесно да се постигнат пет гола против таков тим. Мора да веруваме дека сме на вистинскиот пат да продолжиме напред“, призна Распадори.

Се вчитува...