Распадори ја избра Аталанта, Рома има нов напаѓач

Џакомо Распадори по само неколку месеци во Шпанија се враќа назад во италијанската Серија А откако офанзивецот реши да ја прифати понудата на Аталанта.

Распадори не се снајде најдобро во Атлетико Мадрид и побара да му биде дозволено да си замине, но Рома беше фаворит во трката за потпис на екс-фудбалерот на Наполи. „Волчицата“ имаше и договор за позајмица со Атлетико, но ситуација се промени откако Аталанта влезе во трката.

Тимот од Бергамо понуди перманентен трансфер во висина од 22 милиони евра, Атлетико ја прифати понудата, па се чека само Распадори да ги мине лекарските прегледи за овој трансфер да биде официјализиран.

Рома во меѓувреме успеа да доведе нов напаѓач во своите редови. Станува збор за Робинио Ваз, 18–годишен француски голгетер кој доаѓа од редовите на Олимпик Марсеј, во трансфер вреден вкупно 25 милиони евра.

Се вчитува...