Фудбалерот на Спартак Москва, Квинси Промес се бара со меѓународна потерница, откако беше осуден во Холандија поради шверц на кокаин.
Холандија и натаму не успева да издејствува негова екстрадиција од Русија.
„Осудениот фудбалер е ставен на меѓународна потерница. Обвинителството се обиде да го приведе во Холандија и презеде мерки за ткво нешто, но нема негова екстрадиција“, рече Ватимена, портпаролот на обвинителството во Амстердам кој додаде дека екстрадицијата не зависи само од Холандија, туку и од „другата земја“.
Токму поради ова Промес замина во Русија, за да избегне екстрадиција на холандските власти. Судот го прогласи виновен за помагање во шверц на 1,3 тони кокаин, и го осуди на шест години затвор.
Оваа сезона Промес има одиграно 22 меча за рускиот клуб, и постигна девет голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА