Жерард Пике стави точка на својата фудбалска кариера, синоќа одигрувајќи го последниот натпревар за Барселона во победа од 2-0 против Алмерија во Ла Лига.
Пике во 84. минута со овации го напушти теренот, за да по натпреварот заврши и на рацете на своите соиграчи. Публиката остана на стадионот како би ги слушнала последните зборови од легендарниот Пике како играч на Барселона.
А, расплаканиот Пике не можеше да ги задржи солзите. Плачеше како мало дете заблагодарувајќи им се на сите за се што направија за него за време на престојот во клубот.
„Сакам да им се заблагодарам на сите – соиграчите, стручниот штаб и клубот. Ви благодарам за се. Понекогаш љубовта се искажува со заминување“ – рече Пике, не можејќи да ги сокрие солзите пред повеќе од 90.000 навивачи на „Камп Ноу“.
За крај испрати и силна порака…
„Мојот дедо ме зачлена во клубот на денот кога сум се родил. Тука сум роден, тука и ќе умрам. Ќе се вратам“ – порача Пике со нови овации од трибините.
Se nos ha metido algo en el ojo 🥹#Sempr3 💙❤️ pic.twitter.com/HRyqQy7lNo
— FC Barcelona (@FCBarcelona_es) November 5, 2022
Барселона, исто така, се збогуваше од иконата на клубот. На снимката на говорот за збогум, кратко порачаа…
„Нешто ни упадна во окото…“ – соопшти од каталонскиот гигант.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

