Расположени репрезентативци: И Елези погоди за победа на Горица (ВИДЕО)

По Лирим Ќамили и Дарко Чурлинов, и Агон Елези од македонските репрезентатвивци денеска расположен за голови.

Елези донесе победа за Горица од 1-0 против Шибеник во 23. коло од хрватскиот шампионат.

Во пресметката на дното од табелата, меѓу двете последнопласирани екипи, Агон Елези погоди во 23. минута за повеќе од значајна победа во битката за опстанок на својот тим. Елези настапи до 77.минута на средбата.


Елези погоди и во претходното коло во хрватското првенство, на дуелот против Динамо Загреб.


Се вчитува...