Распоред АБА-лига: Црвена Звезда тргнува од Дубаи

Црвена Звезда ќе ја стартува новата сезона во АБА1 лигата со гостување против новиот клуб во ова натпреварување, екипата на Дубаи. Ова беше обелоденето попладнево откако челниците на АБА го објавија распоредот за новата натпреварувачка сезона, што ќе стартува на 23/24 септември.

Црвена Звезда како бранител на трофејот тргнува од Дубаи, додека вицешампионот Партизан во првото коло ќе биде апсолутен фаворит против Борац Чачак.

Во преостанатите натпревари од првото коло ќе се сретнат: Цибона – Задар, Студентски Центар – Спартак Суботица, Крка – Мега, ФМП – Цедевита Олимпија, Морнар – Будуќност и Сплит – Игокеа.

Првото големо дерби во АБА ќе се игра во рамките на 13. коло, на 20 декември 2023 кога Црвена Звезда ќе биде домаќин на Партизан.

Се вчитува...