Барселона ќе ја стартува одбраната на титулата во Примера Дивизион со незгодно гостување во Баскија против Атлетик Билбао, беше одредено со денешната ждрепка во просториите на „Ла Лига“. Реал Мадрид во првото коло ќе му гостува на тимот на Селта, додека Атлетико ќе ја стартува сезоната на домашен терен против Хетафе.
Енис Барди со Леванте во првото коло ќе му гостува на тимот на Алавес.
Првото „Ел Класико“ меѓу Барселона и Реал Мадрид ќе се игра на „Камп ноу“ на 27 октомври во рамките од десеттото коло, а дуелот на „Сантијаго Бернабеу“ меѓу големите ривали е закажан за 1 март 2020 година.
ДВОЈКИ ЗА 1. КОЛО (18 август)
Алавес – Леванте, Атлетик Билбао – Барселона, Бетис – Валјадолид, Атлетико М. – Хетафе, Селта – Реал М., Еспањол – Севилја, Мајорка – Еибар, Леганес – Осасуна, Валенсија- Реал Сосиедад, Вилјареал – Гранада.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА