Се е подготвено за стартот на новата сезона во Евролигата, откако елитното европско клупско натпреварување денеска го објави и целосниот распоред на натпревари за сезоната 2025/26.
Новата сезона ќе стартува на 30 септември, а европскиот првак Фенербахче не би требало да има тешка задача ако се знае дека на домашен терен ќе го пречека Париз, тим што летово прави огромен ремонт во играчкиот кадар и како тотален аутсајдер ќе допатува во Истанбул.
Партизан новата европска авантура ќе ја стартува на гостински терен против Дубаи, додека Црвена Звезда на стартот на сезоната ќе биде домаќин на Олимпија Милано.
Првото големо градско дерби меѓу Партизан и Црвена Звезда е закажано за 12 декември, а вториот дуел на кој домаќини ќе бидат „црвено-белите“ ќе се игра на 2 април.
ДВОЈКИ ЗА 1. КОЛО
Хапоел – Барселона
Дубаи – Партизан
Ефес – Макаби
Панатинаикос – Баерн
Ц. Звезда – Милано
Басконија – Олимпијакос
Виртус Болоња – Реал Мадрид
Монако – Жалгирис
Фенербахче – Париз
Асвел – Валенсија
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

