Новата ракометна сезона во Супер-лигата ќе стартува во месец септември, и тоа со големо дерби меѓу скопските ривали Алкалоид и Вардар што ќе се игра во салата „Автокоманда“.
Овие два тима водеа жестоки битки во претходните две сезони, летово дополнително се засилија и се со амбиции за највисок пласман, па интересно ќе биде да се види дали Алкалоид или Вардар ќе успее триумфално да ја почне новата суперлигашка сезона, што e закажана за 7 септември.
Шампионот Е. Пелистер во првото коло ќе му гостува на тимот на Тиквеш, Пролет ќе гостува во Прилеп, додека Охрид, кој значително се засили за новата сезона, во првото коло ќе му гостува на повратникот во елитното друштво, тимот на Радовиш.
Вечното дерби меѓу Вардар и Пелистер е закажано за 4. коло и според календарот би требало да се игра на крајот од месец септември.
ДВОЈКИ ЗА 1. КОЛО
Алкалоид – Вардар
Радовиш – Охрид
Бутел Скопје – Куманово
Прилеп – Пролет
Тиквеш – Еурофарм Пелистер
Струга – Бисинов
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА