Македонската фудбалска репрезентација ќе го стартува настапот во новото издание од Лигата на Нации со домашен дуел против Швајцарија, објави денеска УЕФА обелоденувајќи го целокупниот календар за новиот циклус од ова натпреварување.
Македонија за првпат во историјата ќе биде дел од Б-групите од Лигата на Нации, а нашиот национален тим на вчерашната ждрепка за ривали ги доби Швајцарија, Словенија и Шкотска.
Според објавениот распоред Македонија стартува на домашен терен со Швајцарија на 26 септември, а три дена подоцна „црвено-жолтите“ ги очекува гостување во Словенија. Во последното коло исто така ќе сме домаќини, на 16 ноември на селекцијата на Словенија.
РАСПОРЕД НА МАКЕДОНИЈА
26 септември: Македонија – Швајцарија
29 септември: Словенија – Маедонија
3 октомври: Македонија – Шкотска
6 октомври: Швајцарија – Македонија
13 ноември: Шкотска – Македонија
16 ноември: Македонија – Словенија
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

