Новата сезона од ракометната Супер-лига ќе стартува на 7 септември, а во неа повторно нема да учествуваат двете најдобри екипи од минатиот шампионат (Вардар и Работник), кои поради обврските во СЕХА ќе се приклучат директно во плејофот.
Металург лани го освои третото место, па годинава е приморан да ја игра целата сезона на домашната сцена. Поранешниот првак на денешната ждрепка доби интересен ривал на стартот, „братскиот ривал“ Металург 2 кој ќе биде предводен од новиот тренер Игор Котески.
Најквалитетен дуел се очекува да биде оној во скопската населба Пролет, во кој Тинекс Пролет ќе го пречека тимот на Охрид, кој се засили со неколку квалитетни ракометари во текот на летово. Воедно, ова ќе биде враќање на Мартин Манасков во Пролет, тимот каде ги мина претходните две сезони, пред да се пресели во таборот на охриѓани.
ДВОЈКИ ЗА 1. КОЛО:
Металург 2 – Металург, Пролет- Охрид, Работнички – Струга, Пелистер – Бутел, Радовиш – Вардар јуниор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА