РАСПОРЕД: Тргнуваме дома со Азербејџан, завршуваме со Луксембург

ФИБА веднаш го објави и распоредот на натпревари за претквалификациите за Евробаскет 2029, во кои Македонија за противници ги доби селекциите на Луксембург, Ирска и на Азербејџан.

Новиот претквалификациски циклус го почнуваме на 27 ноември, кога на домашен терен ќе го пречекаме аутсајдерот во групата, селекцијата на Азербејџан. Три дена подоцна ќе следи и првото гостување, против репрезентацијата на Ирска.

Претквалификациите за Евробаскет 2029 ги завршуваме на гостински терен против Луксембург, што ќе се одигра на 2 јули 2026 година.

Согласно пропозициите, пласман во главните квалификации за Евробаскет 2029 ќе обезбедат победниците од трите групи во претквалификациите, како и најдобрата второпласирана селекција.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ ВО ГРУПАТА „А“

1.КОЛО – 27. НОЕМВРИ – 2025

МАКЕДОНИЈА – Азербејџан

Луксембург – Ирска

2.КОЛО – 30.НОЕМВРИ – 2025

Ирска – МАКЕДОНИЈА

Азербејџан – Луксембург

3.КОЛО – 27.ФЕВРУАРИ – 2026

МАКЕДОНИЈА – Луксембург

Ирска – Азербејџан

4. КОЛО – 2. МАРТ – 2026

Азеербејџан – МАКЕДОНИЈА

Ирска – Луксембург

5. КОЛО – 2.ЈУЛИ-2026

МАКЕДОНИЈА – Ирска

Луксембург – Азеербејџан

6. КОЛО – 5. ЈУЛИ-2026

Луксембург – МАКЕДОНИЈА

Азербејџан – Ирска

Се вчитува...