Ракометната Супер-лига на Македонија ќе почне во месец септември, а шампионот Вардар во првото коло ќе го пречека новиот суперлигаш Скопје.
Денеска беше извршена ждрепката за утврдување на натпреварувачкиот календар, а голема новост од сезонава ќе биде вклучувањето на СЕХА-лигашите Еурофарм Пелистер и Вардар од самиот почеток на домашното првенство.
Првото коло ќе го донесе и битолското дерби меѓу првиот и вториот тим на Еурофарм Пелистер, како и пресметка меѓу Металург и Пролет, екипите кои го освоија четвртото, односно третото место минатата сезона.
Големото дерби меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер е предвидено за 4. коло, закажано за 25/26 септември, а реваншот ќе биде дел од 15. рунда, на 18/19 декември.
ДВОЈКИ ЗА 1. КОЛО
Вардар – Скопје
Радовиш – Струга
Металург – Пролет
Охрид – Тиквеш
Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2
Бутел – Прилеп
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА