Се е подготвено за стартот на новата сезона во шпанската Ла Лига, првото коло е закажано за 17 август, а вечерва во Мадрид беа извлечени и бројките на екипите, по кои беше утврден и целокупниот календар за сезоната 2025/26.
Шампионот Барселона во првото коло ќе гостува на Мајорка, а интересно е што каталонците во првите три рунди ќе имаат три гостувања (Мајорка, Леванте и Рајо Валјекано), а каталонците првиот домашен меч ќе го играат на 13 септември против Валенсија, до кога се очекува нивниот реновиран стадион „Спотифај Камп Ноу“ да биде целосно пуштен во употреба.
Она што е интересно, рундите не се повторуваат по редослед во првиот и во вториот дел од сезоната, па така Барса ќе гостува на Валенсија во последното коло од Ла Лига, закажано за 24 мај 2026 година.
Првото големо дерби меѓу Барселона и Реал Мадрид е закажано за 25/26 октомври, во рамките од 10. коло на „Сантијаго Бернабеу“, а мечот во Каталонија меѓу овие вечни ривали ќе се игра на 9/10 мај, како дел од 35. рунда во елитното шпанско фудбалско друштво во сезоната 2025/26.
ДВОЈКИ ЗА 1. КОЛО (17 август)
Алавес – Леванте, Атлетик Б. – Севилја, Селта – Хетафе, Џирона – Рајо Валјекано, Еспањол – Атлетико М., Елче – Бетис, Мајорка – Барселона, Реал Мадрид – Осасуна, Вилјареал – Овиедо, Валенсија – Р. Сосиедад
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

