ЕКИПА во Љубљана,
Катерина Павлова Николовска, Никола Ѓуровски
Во воведното коло од прелиминарниот групен сегмент на европскиот одбојкарки континентален самит кој се игра во Љубљана покрај натпреварот меќу македонската репрезентација и селекцијата на Финска ќе бидат одиграни уште две средби. Денот го отвора мечот меѓу репрезентациите на Турција и на Русија во 14.30 часот, потоа следува нашата пресметка со Финците во 17.30 часот, а последниот дуел од 20.30 часот е Словенија – Белорусија.
Македонската репрезентација има три врзани натпревари во трите кола на почетокот на групната фаза. По мечот со Финска, утре игра против Турција, потоа в сабота против фаворитот Русија. В недела е ден за одмор, а потоа се две завршни рунди, в понеделник против Белорусија и во вторник против домаќинот Словенија. За пласман во нокаут фазата потребно е да се биде меѓу првите четири на конечната табела по групната фаза.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ НА МАКЕДОНИЈА НА ЕП
12.09.2019 (четврток) 17.30 Финска – МАКЕДОНИЈА
13.09.2019 (петок) 17.30 МАКЕДОНИЈА – Турција
14.09.2019 (сабота) 17.30 МАКЕДОНИЈА – Русија
16.09.2019 (понеделник) 20.30 Белорусија – МАКЕДОНИЈА
17.09. (вторник) 17.30 Словенија – МАКЕДОНИЈА
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА