Распоред за СП: На стартот со Јапонија, на крајот со Исланд

Македонската ракометна репрезентација ќе го почне својот настап на ЕП во Германија и Данска на 11 јануари, со дуел против Јапонија.

Попладнево беше извршена ждрепката за групната фаза, а неколку часа подоцна познат е и целокупниот распоред за првата рунда, што македонските ракометари ќе ја играат во групата Б во Минхен, против селекциите на Шпанија, Хрватска, Исланд, Јапонија и Бахреин.

Јапонците на прв поглед делуваат како најголеми аутсајдери, но мора да се истакне дека со оваа репрезентација во последно време работи Дагур Сигурдсон, чија цел е „самураите“ да излегуваат квалитетно на претстојните ОИ во Токио по две години.

Македонија има шанси на стартот да врзе две победи бидејќи во второто коло на 13 јануари игра со Бахреин, еден ден подоцна следи и пресметката со Лино Червар и Хрватска. На 16 јануари ќе се игра натпреварот меѓу Македонија и Шпанија, додека на 17 јануари избраниците на Раул Гонзалес ќе се сретнат со Исланд, меч што најверојатно ќе биде и решавачки за пласманот во следната рунда.

ГРУПА Б – РАСПОРЕД: 

1. КОЛО (11 јануари 2019): МАКЕДОНИЈА – ЈАПОНИЈА, Бахреин – Шпанија, Исланд – Хрватска

2. КОЛО (13 јануари 2019): МАКЕДОНИЈА – БАХРЕИН, Шпанија – Исланд, Хрватска – Јапонија

3. КОЛО (14 јануари 2019): МАКЕДОНИЈА – ХРВАТСКА, Шпанија – Јапонија, Исланд – Бахреин

4. КОЛО (16 јануари 2019): МАКЕДОНИЈА – ШПАНИЈА, Хрватска – Бахреин, Јапонија – Исланд

5. КОЛО (17 јануари 2019): МАКЕДОНИЈА – ИСЛАНД, Бахреин – Јапонија, Шпанија – Хрватска

Се вчитува...