Распоред за третиот круг од ПМФЛ: Струга почнува со Брера, а Шкупи против Работнички

Со денешните натпревари и официјално заврши вториот круг од натпреварувањето во Првата лига, по што е утврден и распоредот за третиот круг кој ќе го даде шампионот на Македонија за сезоната 2023/24.

По денешните резултати, Струга ТП ќе влезе во последните 11 рунди со предност од еден бод пред Шкупи, два во однос на Шкендија, а стружани во првото коло закажано за 1 март ќе ја пречекаат екипата на АП Брера. Шкупи ќе биде домаќин на Работнички, додека Шкендија ќе ја пречека екипата на Воска Спорт.

Шкендија ќе му гостува на Вардар веќе во втората рунда, во која стружани ќе гостуваат на Работнички, а Шкупи ќе има тежок дуел во Охрид против Воска.

Во последното коло закажано за 19 мај Струга ТЛ ќе го пречека Шкупи во меч кој би можел да биде решавачки за титулата.

Се вчитува...