РАСПОРЕДОТ НА КВАЛИФИКАЦИИТЕ: Почнуваме дома со Малта, завршуваме со Англија во Скопје

Македонската репрезентација го дозна распоредот на натпреварите во квалификациите за пласман на ЕП 2024 година во Германија. Денеска со ждрепката Македонија беше сместена во групата „Ц“ заедно со Италија, Англија, Украина и Малта.

Македонија квалификациите ќе ги почне со натпревар против Малта на домашен терен на 23. март, а потоа ќе биде слободна. Распоредот е креиран така што Македонија во последните две кола ќе игра со фаворитите – најпрво со Италија на гости, а потоа со Англија дома.

РАСПОРЕДОТ НА НАТПРЕВАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА:

1.КОЛО – 23.03.2023: Македонија – Малта (20:45)

2. КОЛО – 26.03.2023: Македонија слободна

3. КОЛО – 16.06.2023: Македонија – Украина (20:45)

4. КОЛО – 19.06.2023: Англија – Македонија (20:45)

5. КОЛО – 09.09.2023: Македонија – Италија (20:45)

6. КОЛО – 12.09.2023: Малта – Македонија (20:45)

7. КОЛО – 14.10.2023: Украина – Македонија (15:00)

8. КОЛО – 17.10.2023: Македонија слободна

9. КОЛО – 17.11.2023: Италија – Македонија (20:45)

10. КОЛО – 20.11.2023: Македонија – Англија (20:45)

Се вчитува...