РАСПРЕДЕЛБА НА МЕДАЛИ ДЕН (10): Норвешка и Германија го држат врвот, САД се приближува

Десетиот ден беше најскромниот од стартот на Зимските олимписки игри и поради тоа не донесе големи промени на листата на најуспешни освојувачи на медали. Водечките Норвешка и Германија не освоија ниту едно злато, па затоа врвот останува непроменет.

Норвежаните се на врвот со вкупно 21 медал од кои девет златни. Второпласирани се Германците кои иако имаат дури шест медали помалку од Норвежаните, имаат само едно злато негатива со што уште остануваат во игра за најуспешна нација на игрите.

Од водечките, злато денеска успеа да освои САД во името на Кејли Хамфрис која испиша историја освојувајќи златен медал на првото во историјата натпреварување во боб моносед во женска конкуренција. Со ова одличје бројот на златни медали на Американците стигна до бројката од седум што се само на едно негатива од Германија и две од Норвешка.

 

Се вчитува...