Единаесеттиот ден на Зимските олимписки игри во Пекинг 2022 ни донесе доделување на медал во осум различни дисциплини.
Норвежаните направија „голем чекор“ кон освојување на епитетот најуспешна нација на игрите, откако денеска стигнаа до три златни медали. Штафетите во бијатлон и брзо лизгање како и Јорген Грабак го доведоа бројот на златни медали за Норвежаните на вкупно дванаесет.
Второпласираната Германија освои еден златен медал, откако нејзините спортисти доминираа во боб двосед освојувајќи ги сите медали. Со ова бројката на најсјајни одличја за оваа земја стигна до девет.
На третото место и понатаму се Соединетите Американски Држави со седум златни одличја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА