РАСПРЕДЕЛБА НА МЕДАЛИ ДЕН (15): Норвешка и Германија сигурни, Кина ги потисна САД

Претпоследниот ден на Зимските олимписки игри во Пекинг ни донесе доделување на медали во вкупно девет дисциплини.

На врвот Норвежаните остануваат убедливо први со вкупно 15 златни одличја што е рекорд на едни Зимски олимписки игри. Второто место се уште го држи Германија која и повеќе од сигурно е дека и по последниот ден ќе остане на оваа позиција. 11. злато за Германците денеска го донесе Лаура Нолте во боб-двосед.

Единствена промена на врвот има на третата позиција. Таму домаќинот Кина ги потисна Соединетите Американски Држави. Парот во уметничко лизгање во спортски двојки, Чонг Хан и Венџинг Суи го донесе деветото злато за Кинезите, кои сега имаат едно повеќе од Американците.

На последниот ден медали ќе бидат доделени во пет дисциплини. Крос-кантри, боб-четворосед, тимскиот натпревар во алпско скијање, карлинг и хокеј.

Се вчитува...