Шестиот ден на Зимските олимписки игри во Пекинг го одбележаа американските спортисти кои направија жетва на златни медали. Од вкупно седум дисциплини во кои беа доделени медалите, Американците стигнаа дури до три злата.
Неверојатниот Нејтан Чен го освои најсјајното одличје во уметничко лизгање кај мажите. Во сноуборд во дисциплината халфпајп златото и припадна на Клои Ким, а третото злато го освои микс тимот во слободно скијање.
Германија се уште себично го држи врвот со дури седум освоени златни медали, откако денеска најајно одличје на Германците им донесе тимот во санкање. Норвешка е на второто место со едно злато помалку, додека Австријците се трети со четири златни, иако досега имаат најмногу освоени медали вкупно 13.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА