Седмиот ден од Зимските олимписки игри во Пекинг ни покажа дека најверојатно борбата за најуспешна нација ќе биде во двојка меѓу Германија и Норвешка. Кристофер Гројтер во скелетон го донесе седмиот златен медал за Германците со кој останаа на врвот на табелата и покрај вкупно што имаат помалку медали од Норвешка.
Марте Олзбу Ројзеланд го донесе шестото злато за Норвежаните, со кое само за момент, пред завршувањето на последната дисциплина (скелетон) го презедоа врвот на табелата на најуспешните нации на игрите.
Холанѓаните продолжија да жнеат медали во брзо лизгање. Сузан Шултинг освои злато во брзо лизгање на кратки патеки и со тоа скокна на третото место со пет златни медали и ја потисна Шведска на четвртото место, само поради помалиот број на сребра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА