РАСПРЕДЕЛБА НА МЕДАЛИ ДЕН (8): Борба во двојка на Германија и Норвешка за најуспешна нација на ЗОИ

Како што се очекуваше и пред стартот на Зимските олимписки игри во Пекинг, Германија и Норвешка ќе ја водат борбата за најуспешната нација.

По осум дена Германците се уште се први со осум златни медали, исто колку што има и втората Норвешка, но поради двата сребрени медали повеќе (пет) се уште го држат врвот.

Норвежаните имаа одличен ден со две најсјајни одличја. Тоа на Јоханес Тингнес Бо во спринтот во бијатлон и тој на Линдвик во ски-скокови на големата скокалница. За Германија единственото злато денеска го донесе Хана Најс во скелетон, која во третото возење постави нов рекорд на патеката Јанкинг во Пекинг.

Третото место по оосум дена им припаѓа на Соединетите Американски Држави кои имаат пет злата.

 

Се вчитува...