Норвешката експедиција на Зимските олимписки игри во Пекинг 2022 конечно по девет натпреварувачки дена го презеде водството на табелата на најуспешните нации.
Златниот медал на Марте Олсбу Ројзеланд беше клучниот за да се издвојат на првото место на табелата со вкупно 21 медал од кои девет златни и конечно, по неколку дена да успеат да ја потиснат Германија. Германците сега се втори со 14 медали вкупно, но само едно злато помалку од водечката Норвешка.
По осум дена на третото место со шест златни и вкупно 12 медали изби САД благодарение на златниот медал на Ерин Џексон на трката на 500 метри во брзо лизгање.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА