РАСПРЕДЕЛБА НА МЕДАЛИ НА ЛОИ: Кина и САД и натаму неприкосновени

Кина и САД и натаму ги чуваат неприкосновено водечките две позиции на табелата на освојувачи на медали на Летните олимписки игри во Токио.

Кинезите се на врвот на листата поради поголемиот број златни одликувања (34) од Американците кои имаат 29 најсјајни одликувања.

На третото место на табелата на медалисти е домаќинот Јапонија со вкупно 46 медали, од кои 21 злато. А понатаму следат Австралија, Рускиот олимписки тим, Велика Британија, Германија, Франција, Италија и Холандија.

Македонија со сребрениот медал е на 73. место, од вкупно 88 земји кои досега освоија барем едно одликување.

Се вчитува...