Вкупно 37 медали беа поделени на првиот натпреварувачки ден на Летните олимписки игри во Токио. Од нив, 28 држави освоија барем по еден медал по првиот ден.
Најуспешна земја по првиот ден е Кина со вкупно четири освоени одликувања, од кои три златни и едно бронзено, пред Италија и Јапонија кои имаат по еден златен и еден сребрен медал.
Од балканските земји, медали освоија Косово, Србија, Словенија и Романија, при што единствено Косово има златен медал – џудистката Дистрија Красничи. Србија има две одликувања по првиот ден, сребро за стрелецот Дамир Микац и бронза за таеквондистката Тијана Богдановиќ. Романија има едно сребро, а Словенија – бронзен медал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА