Во шест дисциплини беа доделени медали на првиот натпреварувачки ден на Зимските олимписки игри во Пекинг. Норвежаните уште од самиот старт тргнаа силно како би ја потврдиле улогата на први фаворити за освојување на најмногу медали на игрите во кинескиот град.
Јохауг во дисциплината скијатлон во крос-кантри и микс-штафетата во бијатлон ги донесоа првите две злата за Норвешка на шампионатот. Словенија ги слави Урса Богатај и Ема Клинец кои ги освоија златото и среброто на малата скокалница.
Првиот златен медал за Холандија, нормално во брзо лизгање го донесе Ирене Скоутен, а со најсјајни одличја на првиот ден се закитија и Швеѓанецот, Валтер Волберг во слободно скијање во дисциплината могул, како и кинеската штафета во брзо лизгање на кратки патеки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА