РАСПРЕДЕЛБА НА МЕДАЛИ: САД во фотофиниш повторно најдобра нација на ЛОИ

Неверојатен крај ни донесе последниот ден на Летните олимписки игри во Париз. Со финалниот меч во женскиот кошаркарски турнир се затвори натпреварувачкиот дел на неверојатните 16 дена во Париз. САД на крај во трилер меч славеше со минимални 67-66 против Франција и тој триумф на крајот се покажа како клучен за најтрофејна нација на игрите.

Со оваа победа, САД стигна до 40 златни медали на овие игри и со тоа се израмни на врвот на табелата по ова достигнување со Кина. Иако имаат исто златни, најуспешна нација на игрите ќе бидат Американците, бидејќи вкупно имаат 126 медали, односно 35 повеќе од Кинезите кои на крајот ќе се задоволат со второто место.

Јапонија со две злата последниот ден во борење на крај завршува како трета сила со вкупно 45 медали, од кои 20 златни. Во топ се уште и Австралија со 18 златни медали и домаќинот Франција со 16 најсјајни одличја.

Македонија по среброто на Дејан Георгиевски во Токио и бронзениот медал на Могамед Ибрагимов во Сиднеј 2000 година, не успеа да стигне до својот трет медал на најголемите спортски смотри.

Се вчитува...