РАСПРЕДЕЛБА НА МЕДАЛИ – ТРЕТ ДЕН: Јапонците го презедоа водството, Косово осма најуспешна нација

Олимписката селекција на Јапонија го презеде водството на табелата за најуспешни нации на Летните олимписки игри. По освоените три златни медали на третиот натпреварувачки ден сега тие имаат вкупно осум со што избија на врвот пред второпласираните Соединети Американски Држави кои имаат еден помалку.

Катастрофален ден имаше Кина која остана на шесте најсјајни одличја од вчерашниот ден иако беше фаворит во натпреварувањето во скокови во вода и во микс дублот во пинг понг.

Косово досега е осма нација на игрите во Токио со два освоени златни медала. Дека големината не е пресудна покажува токму џудо репрезентацијата на оваа земја која успеа да освои две најсјајни одличја во спортот број еден во земјата.

Се вчитува...